Телефони
5.08.2008.
Sony Ericsson_C902
Уште еден James Bond филм и уште еден James Bond телефон. Станува збор за последното специјално издание на Sony Ericsson C902, кој ќе биде специјално наменет за новото продолжение на James Bond - Quantum of Solace, кој треба да се појави во Ноември.
Според компанијата, специјалната титаниумска сребрена верзија на C902 Cyber-shot ќе се произведува во ограничени количини. Ова го прави телефонот уникатен во споредба со основниот C902 модел. Освен ова, новиот Bond телефон ќе има вградена специјална содржина, која вклучува едно ниво од игра во шпиунски стил, инсерти од филмот, интервјуа, позадини и скринсејвери и една специјална мемориска картичка. Техничките карактеристики на телефонот вклучуваат 5 мегапикселна камера, 160GB внатрешна меморија, медиа плеер, Bluetooth, интерфон, вообичаении Internet/Web функции и FM радио.


Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток