Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Носиме една тажна вест за сите љубители на топчињата што потскокнуваат. Една млада карира во подем, предмет на машки погледи ширум светот, може да заврши и пред и воопшто да почне.
Само што го сврте вниманието на себе, пред се заради неверојатниот обем на градите за една тенисерка, Симона Халеп се реши на драстичен потег – операција за намалување на градите.
Иако младата Романка е минатогодишна освојувачка на јуниорскиот Ролан Гарос и едно од најпотенцијалните имиња во светот на тенисот, сигурно ќе стане помалку атрактивна особено за машката публика, кога ќе го реализира најавениот чекор.
Но, јасно е дека Халеп се реши за неа, многу поважната спортска кариера, отколку да ги следи стапките на Ана Курникова, па повеќе да позира отколку што настапува, така што првите професионални чекори сака да ги направи многу поолеснета за она што природата ја надарила.
Младата тенисерка неодамна се пожали на романски ПроСпорт за својата тешка ситуација и најави дека наесен ќе се подложи на оперативен зафат кој ќе ги реши нејзините проблеми. Се надеваме дека за оваа одлука нема да зажали. Ние, секако ќе зажалиме :)
29.05.2009







Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток