Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Кога ќе ве фати летаргија и апатија ви се чини невозможно да излезете од таквата ситуација. Најлесно тогаш е да и се препуштите на досадата и очајот и да се надевате дека само ќе помине. Но, проблемите така не се решаваат... Еве неколку предлози кои можат да ве разбудат кога ќе се чувствувате немотивирано и бедно:
Пуштете си добра музика
Попуштете ја музиката, сосема сигурно ќе ви ги разбуди емоциите и ќе ви ја размрда енергијата. Пуштете си песни кои ќе ве поткренат, откачете го звукот до крај, па веројатно малку и ќе заиграте.
Насмевнете се
Смеењето е одличен лек за зимскиот блуз, депресијата и очајот. Не само што ја зголемува будноста, туку и го поттикнува лачењето на ендорфин. Читајте нешто смешно, гледајте комедии и пуштете ги убавите чувства да ве поттикнат на акција.
Со вода измијте ја летаргијата
Туширањето може набрзина да ве орасположи и да ве наполни со енергија. Користете некој освежувачки гел за туширање, а водата нека ви биде малку поладна од обично. Замислете како водата го мие и го носи вашиот замор и безволност.
Излезете на свеж воздух
Брзата прошетка на свеж воздух исто така е одличен начин за да се наполните со позитивна енергија. Додека одите, концентрирајте се на мусклулите и замислете како воздухот ја носи целата ваша негативна енергија која што се насобрала во вас.
Дишете длабоко
Длабоките воздишки можат да бидат одличен начин за да се разбудите. Удобно сместете се и неколку пати полека вдишете и издишете. Замислете дека ја всишувате позитивната енергија, а дека ја отфрлате летаргијата и сето тоа што ве кочи.
Мотивацијата е волјата за да преземете нешто и да бидете продуктивни, без разлика дали се работи за работни или домашни обврски или за постигнување на некои други цели. Убедете се дека мора да станете, да се движите и да бидете активни. Овој симболичен напор може да биде силен мотиватор.
18.02.2009



Закопај го
Коментари