Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Американецот Ерол Морис е еден од најреномираните режисери на документарци во светот (добитник на „оскар“). Неговиот нов филм „Survivors“ покажува зошто. Осум минути полни со возбуда, емоции, искреност, надеж...
„Survivors“ е снимен како поддршка за кампањата „Да му се спротивставиме на ракот“ и во него учествуваат луѓе кои ја преживеале борбата со карциномот, нивни пријатели и блиски роднини. Секој го изнесува своето искуство со болеста, почнувајќи од датумот кога дознал за дијагнозата, до драматичните ситуации што следувале потоа. Филмот е краток и едноставен според техничката изработка, но бескрајно моќен и впечатлив.

Закопај го
Коментари