Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Светскиот рекордер Усаин Болт, најави дека во последен момент ќе ја донесе одлуката дали на Олимпијадата во Пекинг ќе настапи во двете спринтерски дисциплини.
"Уште размислувам дали на Олимписките игри ќе учествувам во двете трки на 100 и 200 метри. Со мојот тренер ги разгледуваме сите опции и конечната одлука ќе ја донесам во последен момент", изјави Болт. Спринтерот од Јамајка сезонава е во одлична форма. Во мај го постави светскиот рекорд на 100 метри, забележувајќи време од 9 секунди и 72 стотинки, а на 200 метри неодамна имаше резултат од 19 секунди и 67 стоти дела од секундата што е шесто најдобро постигнување на сите времиња. "Во моментов немаме донесено никаква одлука иако во моментов се оди според предвидениот план. Има време до почетокот на Игрите и затоа во моментов упорно тренирам, но во кои дисциплини ќе настапам, ќе видиме", заврши Болт. Инаку атлетичарот од Јамајка, е специјалист за 200 метри и во 2002 година тој со 15 години беше најмладиот светски јуниорски шампион во историјата. Во неговата земја се надеваат дека Болт ќе се појави во двете дисциплини и дека по пауза од 32 години ќе го повтори успехот на неговиот сонародник, Дон Куери, кој во 1972 година го освои златото на 100 и 200 метри. Болт најави дека на митингот во Стокхолм што ќе се одржи на 26 јули ќе настапи во трката на 200 метри.

Закопај го
Коментари