Кликни ја сликата за да ја видеш цела
62-годишен маж од Нов Зеланд се опоравува во болница откако жена му случајно го прегазила со нивниот џип. Два пати!
62-годишниот Тери Телфорд првиот пат настрадал кога жена му Сенди возејќи рикверц низ преминот што води кон нивниот дом случајно го прегазила. Не забележувајќи што се случило, тргнала напред и пак го прегазила.
Телфорд се опоравува во болницата од умерено тешки повреди на главата, градниот кош и грбот, пренесува NZ Herald.
„Жената беше избезумена и се уште ја немаме испрашано“, изјави полицискиот наредник Тони Бејтс, додавајќи дека настанот полицијата најверојатно ќе го третира како несреќа.



Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток