Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Австралиската телевизија Fox Sports која го претстави нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев како Бугарин, официјално се извини.
„Како што е познато Горан Пандев, всушност е член на националната фудбалска репрезентација на Република Македонија. Ние се извинуваме за ненамерната грешка и искрено жалиме доколку со тоа предизвикавме навреда“, наведува спортскиот канал.
Извинувањето дојде по бурната реакција што ја започна македонското радио ЗЗЗ во Австралија и официјалното барање на македонската амбасада во Канбера и амбасадорот Перо Стојановски кој издејствува јавно извинување од спортскиот канал.
Околу 5.000 писма и телефонски повици за само два дена биле упатени до Fox Sports поради прикажувањето на Горан Пандев како фудбалер од Бугарија, јавуваат агенциите.
11.03.2010

Закопај го
Коментари