Не е ни чудо што Џејмс Камерон тргна да ја дави својата поранешна сопруга на доделувањата на Оскарите, бидејќи... ... Кетрин Бигелоу стана првата жена во историјата на наградите која се здоби со статуетката за најдобра режија. Освен битката за режисерската статуетка, нискобуџетниот "Hurt Locker" освои 6 Оскари наспроти трите кои ги освои најскапиот филм во историјата на кинематографијата - "Avatar". На почетокот на церемонијата прв беше доделен Оскарот за најдобра споредна улога кој го доби наци офицерот од "Inglourious Basterds", австриецот Кристоф Валц. Голем повод за славење имаше и Џеф Бриџис, кој по четири номинации, конечно во петтиот обид го доби Оскарот. Сандра Булок во 24 часа доби две признанија - најпосакуваното и најнепосакуваното. Прво ја прими "Златната малина" за најлошо актерско остварување, за потоа според очекувањата да му се израдува и на нејзиниот прв Оскар за најдобра актерка за улогата во "Blind Side".
Крт.от е македонски „копач“ на интересни статии. Користејќи веб 2.0 технологии за интеракција со читателите, крт.от овозможува да гласате за интересните статии. Со тоа се овозможува на секој кој ќе го посети Крт.от лесно и едноставно да ги најде најдобрите написи на некоја тема.
Коментари