Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Денес 26.02.2010 г. во 19.30 часот во центарот за култура "Антон Панов" во Струмица ќе биде отворена петта самостојна изложба на академскиот уметник Зоран Арсовски од Куманово.
Зоран Арсовски е роден во Куманово 1980 г. Дипломирал и магистрирал сликарство на Националната ликовна Академија во Софија во класата на проф. Станислав Памукчиев и проф. Божидар Бојаџиев.
Досега има реализирано четири самостојни изложби и тоа во:
-Куманово центар за култура "Трајко Прокопиев"
-Охрид центар за култура "Григор Прличев"
-Гевгелија хотел "Аполонија"
-Прилеп центар за култура "Марко Цепенков" а оваа му е петто самостојно претставување во Струмица.
Има учествувано на повеќе групни меѓународни изложби и ликовни колонии во земјава и странство.
Арсовски е од генерацијата на младите македонски академски ликовни уметници-сликари кој со својата креативна способност е во фокусот на македонската и странска ликовна сцена.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

Закопај го
Коментари