Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Попладневната дремка го подобрува помнењето и способноста за учење, така што освен квалитетниот одмор, и...
... мозокот ќе ја подобри својата функционалност, тврдат истражувачите од Калифорнија.
Во рамките на истражување учесниците биле разделени во две групи кои требале да учествуваат во едноставна задача за учење – поврзување на лица со имиња.
Во 14 часот попладне, едната група си зела 90-минутна дремка, а другата група останала будна. Во 18 часот и двете групи повторно се вратиле на учење на задачата, а потоа нивните разултати биле анализирани.
Заклучокот бил дека оние кои што си зеле попладневна дремка, на задачата покажале многу подобри резултати.
Истражувачите се уверени дека спиењето е потребно за да се "ресетира" краткотрајната меморија и да се направи место за новите информации, со што подоцна е зголемен капацитетот и функционалноста на мозокот.
Многу славни личности како Бил Клинтон, Алберт Ајнштајн, Винстон Черчил, Роналд Реган и Маргарет Тачер биле верни приврзаници на попладневната дремка.

Закопај го
Коментари