Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Организаторите на овогодинешните Оскари промовираа предлог со цел да се изборат со долгите и досадни говори...
..., па така на добитниците им советуваат да одржат два говора - еден пократок на бината (до 45 секунди), а долгата приказна да ја остават за медиумите зад сцената.
Замислата е лауреатите на бината кратко да се обратат пред публиката и да кажат што за нив значи добивањето на наградата.
За пример на ваков говор организаторите го наведоа говорот на Рене Зелвингер кога доби Оскар во 2004 година.
Така, според оваа замисла, деловите од говорот кои најмногу ја иритираат јавноста, како благодарноста до Бога, семејството, пријателите и соработниците, ќе бидат зад сцената и ќе може да се следат само на интернет.
Сепак, и покрај брилијантната идеја на организаторите, не постојат гаранции дека ѕвездите кои ќе добијат Оскар ќе се придржуваат кон овие совети.
Доделувањата на најзначајните филмски награди ќе се одржат на 7-ми март.


Закопај го
Коментари