Контраверзната пеачка Лејди Гага растури на Британските "Brit Awards" победувајќи во три категории, и давајќи... ... му емоционален трибјут на Александер Меквин, дизајнерот кој почина минатата недела и чија неофицијална муза беше токму таа. Гага ги собра наградите за најдобар женски артист, најдобар акт и најдобар албум за "The Fame", но она што непријатно изненади во дадената ситуација беше нејзиниот разголен стајлинг. Гага на сцената беше совладана од емоциите кога при добивањето на првата награда ја посвети на Меквин, кого го наслови со името Ли. "Благодарност до Ли Меквин", беше се што изјави пејачката која едвај се воздржа да не се расплака на сцената.
Крт.от е македонски „копач“ на интересни статии. Користејќи веб 2.0 технологии за интеракција со читателите, крт.от овозможува да гласате за интересните статии. Со тоа се овозможува на секој кој ќе го посети Крт.от лесно и едноставно да ги најде најдобрите написи на некоја тема.
Коментари