Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Хрватицата Маја Кнежевиќ (37) во период од четири дена во кои интензивно пушела марихуана, повикала брза помош над...
... 2700 пати, а сега за тоа злодело е осудена на 6 месеци затвор, условно на три години, пренесуваат Хрватските медиуми.
Жената го признала делото и изјавила дека повикувала брза помош иако тоа не и бло потребно.
Таа тврдела дека вртела несвесно под дејство на дрога, и дека своето дело нема да го повтори.
Маја спуштала слушалка кога некој ќе се јавел, или пуштала музика.
Брза помош повикувала на секои неколку минути, а во една прилика тоа го правела во континуитет од дури ден и половина.

Закопај го
Коментари