Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Уметникот од Австралија Чајн Хултгрен успеа да постави нов светски рекорд во голтање мечеви, кога во центарот на...
... Сиднеј проголта 18 меча пред импресионираните минувачи.
Уметникот познат под името "Вселенски каубој", влезе во Гинисовата книга на рекорди соборувајќи го сопствениот рекорд од 2008 година кога проголтал 17 меча, секој долг по 72 сантиметри.
Овој 31-годишник почнал да голта мечеви уште од својата 16-та година, а во изминатите години ги усовршувал своите вештини, вклучувајќи и посебни вежби за истегнување на грлото, пренесува "Sky News".
Му биле потребни долги и макотрпни вежби за својата точка да ја доведе со совршенство, поради што сега е пресреќен и задоволен.
(OBJECT)




Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток