Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Нови технологии
8.02.2010.
Google потврди дека моментално работи на технологија со која би се овозможил превод преку телефон за време на траењето на самиот разговор.
Софтверот ќе интегрира гласовно препознавање а воедно ќе биде поврзан и со Google Translate алатката на оваа компанија.
Компанијата смета дека ќе има функционален производ во рок од две години - што значи дека можете да олабавите со лекциите по кинески.
"Јасно е дека, за да функционира непречено, потребна ви е комбинација од високо-прецизна машина за преведување и високо-прецизна машина за препознавање на глас, а тоа е она на што работиме ние," изјави Franz Och, одговорниот службеник на службата за превод на Google, за The Times .
"Доколку погледнете во насока на развојот на машинското преведување и соодветниот напредок во гласовното препознавање, од неодамна постои огромен напредок."
Google Translate моментално функционира на 52 јазика, па Google ќе биде во можност да ги искористи предностите на своите масивни архиви на преведен материјал за да постојано се подобрува точноста на преводот. А бидејќи мобилните телефони генерално се користат од една личност, софтверот за гласовно препознавање ќе биде во можност да се приспособи кон акцентот и интонацијата на корисникот.
Најразлични компании и академци веќе работат со години за да развијат нешто вакво. Универзитетот во Carnegie-Mellon работи напорно веќе три години, додека NEC неодамна објави дека планира да лансира очила со кои ќе биде можен глас-во-текст превод.




Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток