Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Според многу извори, Бред Пит и Анџелина Џоли конечно се разделуваат, односно најмоќната холивудска двојка е во...
... преговори со адвокатите околу поделба на богатството вредно 230 милиони евра.
Документите кои парот ги потпишал оваа недела, откриваат дека планираат да го поделат богатството подеднакво, како и старателството над шестте деца.
Децата, од кои три се посвоени, сепак ќе живеат со мајка им, пишува "Daily Mail".
Оваа вест доаѓа по повеќе месечното шпекулирање дека двојката, која не е венчана, има потешкотии во заедничкиот живот и многу несогласувања.
Подготовките за разделбата најверојатно почнале уште во декември кога Џоли и Пит посетиле адвокатска фирма во Лос Анџелес.
Според "People", блиски извори на двојката изјавиле дека веста за разделбата е шпекулација и дека во нивната врска се е во ред.
Сепак, најмоќната холивудска двојка сеуште е во молк и нема официјален коментар за вестите за нивната разделба.




Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток