Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Со години мажите се забавуваат со шегите за глупавите плавуши, но зад тоа дефинитивно не стои доказ дека тие...
... навистина се помалку паметни од, да речеме, бринетите или црвенокосите.
Основната причина затоа што баш тие се на мета лежи во самите мажи, несигурни и преплашени од сексипилните жени.
Токму вака накратко гласи научното истражување за потеклото на вицовите за "глупавите плавуши", пишуваат британските медиуми.
Имено, со кажувањето на овие шеги, мажите се чувствуваат супериорно, особено во случај кога во присуство на убава русокоса жена се чувствуваат загрозено.
Оваа пракса од американската и британската култура се пренесе во сите светски култури, а најчест предмет за вицови се убавите и згодни русокоси од Холивуд, како што е Мерлин Монро, Џен Харлоу и Џејн Мансфилд.
"Овој стереотип и понатаму важи и гази во третиот милениум, не само во филмовите, туку и во рекламите и во ударните термини на телевизија", вели докторот Лимон Шифман од Универзитетот "Jerusalem".
"Сексипилната глупава русокоса е стереотип кој е присутен и на интернет.
Ваквите шеги се шират низ светот и доаѓаат до места каде што никогаш не ни биле, како што е Бразил, Кина, Јапонија и арапскиот свет", додава Шифман.
Популарноста на вицовите за русокосите во деловите во светотот каде природните русокоси никогаш не биле во голем број, сеуште е неразјаснета и интригантна појава.



Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток