Кликни ја сликата за да ја видеш цела
30 јуни, (Макфакс) - Вирусот, што предизвикува болки во стомакот им дава надеж на заболените од рак - го јакне имунолошкиот систем и ги “минира“, односно отстранува туморите.
Скоро 80 проценти од пациентите со напреден вид на тумор на црниот дроб, главата, вратот и градите, го користеле опитниот лек направен од ретровирус.
Охрабрувачки резултати постигнале оние кои со болеста се бореле со хемотерапија. Туморите се смалиле, а во еден случај целосно исчезнале.
Стручњаците сметаат дека е прерано да се каже дали реолисинот (Reolysin) ќе биде волшебниот клуч за уништување на ракот, но тој би можел да им го спаси животот на пациентите во напредна фаза на болеста.
Реолисинот ги уништува клетките на ракот дупчејќи ги ѕидовите на неговите клетки, со што предизвикува “експлозивна“ верижна реакција на кинење на туморот. Така “намалените“ тумори се помалку опасни и полесно се лекуваат со хемотерапија.
Лекот го буди имунолошкиот систем и тој ги препознава клетките на ракот како напаѓачи и го поттикнува телото на борба против нив.
“Досега ќе бев мртов без овој третман“, вели Ендрју Макманус (65), кој боледува од рак на црниот дроб. Пациентот прима лек интравенозно осум пати за пет денови третман, кои се распоредени во текот на шест месеци. Нуспојавите, по вбризгувањето се настинка и зголемена температура.
“Имавме неколку драматични реакции на реолисинот, поради што треба да бидеме претпазливи, но изгледа дека оваа комбинација делува“, вели главниот истражувач професорот Алан Мелчер.
Стручњаците сметаат дека се потребни поопсежни испитувања пред да се почне со широка употреба на реолисинот, што би можело да потрае пет години. “Постојат две фази на клинички испитувања, а потоа лекот мора да го одобри Агенцијата за лекови“, објаснува професорот Ељуга.
Лекот мора да се испита на поголеми групи пациенти, во строго контролирани услови. Во Велика Британија се тестирани 15 пациенти со тумор на вратот и на главата. Кај петмина туморот делумно се намалил, а кај четворица болеста се стабилизирала.

Закопај го
Коментари