Соодветно со неговите години, следното (и најверојатно последно) продолжение на Рамбо ќе биде многу по смирено во споредба со претходните делови, посебно во споредба со масакрот низ Бурма, тврди продуцентот на филмот.
Во интервју на сцената на Тhe Еxpendables, продуцентот на филмот Ави Лернер, одлучно порачал дека во петтиот дел на Рамбо ќе има многу помалку крв и насилство, но и тоа дека на приказната за Бурма, морало да и се пристапи како што тоа било сторено . Лернер, кој работеше со Сталоне на Рамбо 4 и Тhe Еxpendables, објасни дека изгубил речиси половина од публиката за четворката, само заради тоа што филмот бил оценет со R (R - Restricted). Заради тоа, тој порачал дека ниту неговиот актуелен проект Тhe Еxpendables, ниту наредното продолжение од приказната за Џон Рамбо, нема да бидат брутални.

Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток