Двајца близнаци кои ограбиле 14-годишно дете, ја почувствуваа целата пребарувачка моќ на Гугл, откако "Street View" сервисот и помогнал на полицијата да ги уапси крадците.
Минатата година , 14-годишно дете од Гронинген пријавило во полиција дека било нападнато и му биле одземени 165 евра. Неколку месеци подоцна, детето повторно ја контактирало полицијата тврдејќи дека се видело себе си и двајцата напаѓачи на "Street View." "Ова е уникатно искуство за нас. Сликата е направена само неколку моменти пред детето да биде ограбено," изјавил портпаролот на полицијата од Гронинген. Бидејќи лицата луѓето на "Street View" се замаглени, полицијата го контактирала Гугл, и од нив го побарале оригиналот од сликата. По соработката на компанијата, двајцата престапници биле уапсени.
Закопај го
Коментари