Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Ова се работи кои иако би требало, можеби не ги знаете, или на нив повремено заборавате, па се надеваме дека ќе биде корисно да ве потсетиме.
Мажот по оргазам станува поспан
Кога мажот ќе доживее ејакулација станува многу поспан, уморен и повеќе ништо не му се прави. Тоа се разбира, не значи дека е мрзлив, па затоа никогаш не го доживувајте така.
Тоа само значи дека има сосема нормална телесна реакција, бидејќи во текот на ејакулацијата мускулите работат мошне забрзано. Кога ејакулацијата ќе заврши, машкото тело се смирува по што почнува да излачува хормони одговорни за спиење.
Задржување на урина
Жените кои целосно го познаваат своето тело многу добро знаат дека задржувањето на урината им овозможува подобар секс и поголем степен на возбуденост.
Токму поради тоа се впуштаат во секс кога имаат сила. Се разбира треба да се одбере положба во која нема премногу притисок на мочниот меур, за да не се случи некоја незгода.
На тој начин оргазмите се уште поинтензивни бидејќи жената ја задржува урината со стискање на вагиналните мускули.
Доколку по сексот сакате да уживате во пријатна прегратка, тоа според мислењето на експертите не е воопшто паметно, бидејќи може да дојде до воспаление на мочниот канал.
Понекогаш е добро само да дадете
Се вели дека сексот е заемна работа на двајцата партнери во која нема место за егоизам, или она што би можело да се нарече ’уживање во партнерското уживање’ понекогаш е повеќе од обична пракса, која никогаш нема да ја заборавите.
Тоа се разбира значи да му овозможите задоволство од кое ќе му се заврти во главата, а во замена не барајте апсолутно ништо.
Овозможете му незаборавен орален секс до ејакулација и научете да уживате во неговото уживање. Нека ве возбудува фактот што вие го возбудувате него. И нека неговиот оргазам биде и ваш оргазам.
И да не заборавиме, ќе дојде на ред и денот кога тој ќе дава, а вие ќе се најдете в облаци, бидејќи ќе ви се оддолжи за вашиот труд. И тоа така предано, што нема да можете да им верувате на своите очи или уште подобро на неговиот јазик.
Сексот со годините се подобрува
За сексот е потребна вежба и партнер со кој се согласуваме. Со теоријата дека сексот со години станува досаден ниако не можеме да се согласиме, се разбира бидејќи и двата партнери се свесни дека сексот не смеат да го доживуваат како рекреација или брачна должност.
Ако на сексот му додадеме и фантазија и партнер со кој се согласуваме, квалитетот на нашето водење на љубов од години во години ќе биде се подобар. Посебно ако секогаш додаваме нешто ново и одиме полека.
20.06.2009






Закопај го
Коментари