Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Знаете зошто Фабрис Санторо е миленик на гледачите? Не знаете? Ајде да дознаете ...
36-годишниот Фабрис Санторо е француски ветеран, моментално најстар на АТП 100 листата, кој најави дека ќе се пензионира годинава.
Познат е по неговите трик удари, финти и потези заради кои е миленик на публиката. Легендарниот Пит Сампрас го нарече Магионичар.
Санторо никогаш не освоил некој голем турнир во сингл, додека во дубл е поуспешен (Австралија Опен два пати, Ролан Гарос еднаш), но има победено 17 поранешни тениски прваци, меѓу кои и Џими Конорс, Матс Виландер, Борис Бекер, Џим Куриер, Марат Сафин и Роже Федерер.
Лани на Аустралија Опен го сруши рекордот на Андре Агаси со 62 учества на Грен Слем турнирите (Агаси има 61), а со настапите во меѓувреме (последен Ролан Гарос 2009) дотурка до бројка од 67 настапи!

Закопај го
Коментари