Кликни ја сликата за да ја видеш цела
На 30 јуни, на пазарот ќе се појави албумот ’Fox Bat Strategy: A Tribute to Dave Jaurequi’ на славниот филмски режисер Дејвид Линч.
Во изјава за Entertainment Weekly Дејвид Линч рече дека сам ја продуцирал музиката и ги напишал сите текстови, како и тоа дека песните се напишани уште во 1994 година. „Toa се модерни педесетти“, вели Линч.
Албумот во кој ќе има седум песни, целосно е посветен на гитаристот и пејачот Дејв Хауреги кој почина во 2006 година на 50 години. Првиот сингл се вика ’Shoot the Works’.
„Дејв Хауреги не беше пејач“, вели Линч за него. „Тој беше гитарист и тоа фантастичен, но јас го замолив да ми испее и изрецитира некои строфи што ги напишав, бидејќи претчувствував оти ќе го стори тоа како што треба.“
„Имаше одличен изговор и му го сакав гласот. Мислам многу на него и би сакал да можевме да снимиме повеќе од седум песни за на овој албум“.
Песните се целосно отсвирени од бендот кој работеше за филмската адаптација на популарната серија Твин Пикс - Twin Peaks: Fire Walk with Me.
Инаку, ова е веќе втор пат Линч да заплови во музичките води, бидејќи на почетокот на годината гостуваше на албумот “Dark Night of the Soul“ на Dangermouse and Sparklehorse.
20.06.2009

Закопај го
Коментари