Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Џорџ Клуни ангажирал бајачка за да му помогне да контактира со својата мртва свиња. Тој се уште жали по својот...
... љубимец, витнамската свиња Макс, која умре во 2006 година, па ангажирал "стручњак" за да му помогне да стапи во контакт со починатото милениче.
"Бајачката ми рече дека Макс имал прекрасен живот со мене.Многу е среќен и во духовниот свет и дека понекогаш е со мене. Незнам дали ја говори вистината, но би сакал да и верувам", му раскажал Клуни на својот пријател.
Популарниот ерген беше многу тажен по смртта на Макс, која се случи додека тој го промовираше филмот "The Good German".
Макс, кој боледувал од делумно слепило и артритис, живеше со Џорџ 18 години, а често со него го делеше и креветот.
Актерот, својот љубимец, често го носеше на снимања и на интервјуа, а знаеше да се пошегува дека тоа му е најдолгата врска во животот - што и навистина е точно.
"Макс беше најстарата свиња што ветеринарите некогаш ја виделе. Имаше долг живот.
Бев многу приврзан за неа и тој што нема миленик, нема престава како животните стануваат дел од семејството", изјави Клуни по смртта на Макс.
Тој додаде дека никогаш нема да чува некоја друга свиња, бидејќи ниедна не може да го замени Макс.

Закопај го
Коментари