Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Новинарка на пат во Ерусалим дознала за еден стар Евреин, кој одел да се моли на Ѕидот на плачот, два пати дневно, секој ден, веќе долго, долго време. Целата приказна ја заинтересирала и решила да ја провери информацијата.
Оди на Ѕидот на Плачот и го догледува старецот. Го гледа како се моли и по 45 минути, кога старецот се подготвува да си оди, новинарката го прашува дали може да му направи интервју. "Јас сум Ребека Смит од СиЕнЕн. Господине колку време доаѓате на Ѕидот на плачот за да се молите?" "Па околу 60 години," одговара старецот. "60 години. Тоа е неверојатно. За што се молите?" прашала новинарката. "Се молам за мир меѓу Евреите и Арапите. Се молам да престане целата омраза, се молам за нашите деца да израснат во безбедност и пријателство," објаснил старецот. "И како се чувствувате по 60 години молитви?" "Како да му зборам на ЅИД!"


1 Коментар   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток