Кликни ја сликата за да ја видеш цела

Специјализираното американско списание за филм “Варајати” објави дека студијата „Ворнер брос“ и „Сони“ потпишале договор за дистрибуција на "Пред дождот"на Милчо Манчевски на Островот. Нагласувајќи ги повторно бројните награди и признанија што ова остварување ги доби во светот, вклучувајќи ги „златниот лав“ во Венеција и номинацијата за „оскар“, “Варајати” изнесува и детали од потпишаниот договор. „Ворнер“ и „Сони“ во преговорите инсистирале дистрибуцијата на филмот да биде реализирана на сите медиуми во Британија, иако првично им биле понудени само правата за дивиди и за телевизиско прикажување од страна на британскиот носител на правата. „Пред дождот“, по 15 години, вторпат ќе се најде на светскиот бокс-офис, според најавите веќе во декември оваа година. Ова е втора голема кинематографија во која филмот добива повторена комерцијална дистрибуција годинава. Во јули, најпрестижниот издавач на филмски класици, „Крајтерион колекшн“ издаде специјално дивиди издание на „Пред дождот“ во САД, проследено со бројни додатоци. Филмот редовно се прикажува на телевизиските канали, во кинотечните програми и на универзитетите низ светот, како и другите два филма на Манчевски, „Прашина“ и „Сенки.


Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток