Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Последици од отровниот облак од езерото Нјос
На Земјава постојат многу напуштени подрачја каде трева не расте, а ни животните не ги сакаат. Локалното население таквите места ги нарекува проколнати, а можеби не е секогаш така. Научниците пак сметаат дека причина за таквите појави е загадениот и отровен воздух.
Езерото Какхунајдак во руската република Јакутија познато е под името Ѓаволско езеро. Водата во езерото е темна, брегот е обраснат со оголени и запалени дрвја, со насипи на јаглен и запалена глина. На тоа подрачје често се пронаоѓаат мртви животни, понекогаш и луѓе, но никој не може да ја одреди причината за нивната смрт.
Приказната за езерово почнала на почетокот на 20 век кога локален рибар во него ги пуштил мрежите, за после кратко време да види дека водата почнува да клокоти.
Следниот момент дошло до експлозија, а рибарот паднал на земјата и се заштитил со наметката. Останал така додека се не се смирило, а потоа откако ја тргнал од себе изгорената наметка видел страшна глетка околу себе. Околината била запалена, рибата во неговата мрежа сварена, а исплашениот човек избегал. Оттогаш никој не се осудува да му пријде на езерото.
Геолозите сметаат дека до експлозијата од приказната, дошло заради наслагите на јаглен длабоко во земјата. Или што е уште поверојатно, рибарот сведочи на експлозија на метан која се случила под езерото.
Уште едно напуштено место се наоѓа во Русија, поточно на полуостровот Камчатка. Подрачјето е познато како Долината на смртта. Остатоци од мртви животни се наоѓаат насекаде, а вегетација скоро и да нема. Карпите се прекриени со сулфатни наслаги, а во воздухот се чувствува сулфур.
Луѓето кои поминуваат низ тоа подрачје веднаш почнуваат да чувствуваат сувост во грлото, главоболка, а можат да имаат и мачнина и вртоглавици. 30 минути откако ќе го напуштат подрачјето состојбата им се враќа во нормала.
Научниците тврдат дека луѓето имаат такви симптоми заради високата концентрација на јаглерод диоксид и Водород сулфид во воздухот. Гасовите доаѓаат од длабочината на земјата како резултат на вулкански активности.
На научниците сепак им требало време да сфатат зошто се доаѓа до смрт така брзо. На пример, голема мечка умира набрзо откако ќе изеде месо на животно од долината. По проучувањата откриено е дека високата концентрација на отровни соединенија на цијанидот кои се во облик на гасови, излегуваат на површината.
Езерото Нјос во Камерун
Езерата Нјос и Моноун во Камерун се исто така познати по својата зла репутација. Езерата се формирани пред 500 години од вулкански кратери, а нивните дна прекриени се со магма.
Умрена стока во близината на езерото Нјос
Гасовите од вулканот се мешаат со вода и се акумулираат на дното на езерото. Природните појави како силен ветер, одрон на земја или земјотрес можат да доведат до тоа гасот едноставно да излезе од езерото и да се собере во пониските делови на атмосферата како облак.
Локалното население оди на езерото Моноун, за да побара благослов од своите предци за кои веруваат дека живеат во неговите длабочини
Таквиот облак е смртоносен за сите живи суштества во круг од неколку километри. Во август 1984 година таму умреле 37 луѓе, кога езерото Моноун експлодирало. Околу 1800 луѓе загинале во 1986 година, на бреговите на езерото Нјос под слични околности.
Научниците на езерото Моноун го мерат количеството на отровни гасови
14.11.2008










Дискутирај   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток