Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Во својата потрага по нова воена технологија, Пентагон планира да развие чудо на техниката кое ќе биде комбинација од авион, брод и подморница, односно ќе може да лета стотици наутички милји, да полови по големо невреме и да се спушта длабоко под морето.
Оваа тешка задача и е доверена на Агенцијата за развој на нови технологии за војската на САД (ДАРПА). Станува збор за одделот кој стои зад најреволуционерните изуми на Пентагон, тргнувајќи од Интернетот, па се до технологиите кои го усовршија Б-2 бомбардерот. Сега на агенцијата и претстојат серија студии и експерименти за докажување на концептот за подводно летало со брзина и опсег на авион, со способности на брод и тајност на подморница. Предложениот авион треба да биде способен само за осум часа да пренесе 8-член екипаж 1.850 километри во воздух, 185 км по море и 22 км под вода, или комбинација од сите три услови. Неговата перфекција треба да оди до таму да издржи 3-дневна пловидба по море низ бранови високи и до четири метри. Од ДАРПА признаваат дека претходните неколку обиди се покажале неуспешни, најмногу поради тоа што биле фокусирани на создавање подморница која ќе лета. Затоа овој пат одлучиле да го променат планот и да дизајнираат подводен авион.

Закопај го
Коментари
И έго σи иμα трϊ стβаρчиζи γ ξδно, еβω тγј γ гαќиτе, пα шω?!