Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Креативноста на човекот својот врв го доживува доцна навечер а шансите нечиј креативен труд да заврши содоживување наеурека момент се најголеми во точно 22:04 часот, покажале новите истражувања.
Мозочните бранови се најпасивни попладне, затоа обидите за решавање на некој проблем веднаш после ручекот, најчесто завршуваат неуспешно. Како најмалку креативен дел од денот се издвојува 16:33 часот. Во анкетата на ланецот хотели Краун Плаза, во која учествувале 1.426 испитаници, 92% признале дека најмалку инспиративно се чувствуваат попладне. Една четвртина од нив тргнуваат во потрага по инспирација доцна навечер. Најпопуларен начин за будење на креативноста, за кој се одлучиле 44% од анкетираните, е туширањето. Резултатите од студијата откриваат дека бањата игра клучна улога во будењето на мозокот. 58% од луѓето доколку не успеат да ги запишат веднаш ги забораваат своите најдобри идеи а кога е во прашање запишувањето, жените се многу поуспешни во тоа. Една третина од учесниците во анкетата, кои биле постари од 35 години, за таа цел наместо лист хартија, ги користат дланките.


1 Коментар   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток