Кликни ја сликата за да ја видеш цела
Sagem се враќа во игра на мобилниот пазар, и тоа на голема врата. Тие штотуку го промовираа новиот хај енд телефон дизајниран од Porsche...
Мобилниот телефон P'9522 има исклучително елегантен изглед, метално куќиште и голем екран осетлив на допир.
Поседува вграден GPS, биометриски заштитен систем во облик на читач на отисоците од прсти, камера со 5 мегапиксели, 2.8 инчен екран осетлив на допир, мултимедија плеер и вграден Wi-Fi.
Првиот модел на Porsche Design - P'9521 чинеше 1.200 евра, додека неговиот наследник ќе чини двапати помалку, т.е околу 600 евра..
Новиот модел на Porsche Design, на пазарот ќе се најде веќе овој ноември.




1 Коментар   Закопај го

Коментари Кој гласал Сродни линкови
Назад на почеток